klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·03. 07. 2026. 10:53:26

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјава во сите 51 реформски чекор, додека во грејс периодов работат заедно со Владата и од 10 ќе бидат исполнети девет и половина од нив. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и бидејќи се надева дека партиите ќе постигнат консензус. - Ние се фокусирани на 10-те чекори коишто беа во грејс периодот и коишто истекуваа на 30-ти јуни. И овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата со цел да ги исполниме овие чекори. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна проценка и крајната одлука се носи некаде во септември, но ова е навистина добар успех. Меѓутоа, во исто време ја имавме и таа редовна вежба која што заврши на 30-ти јуни оваа година, и тука започнува тој грејс период од една година. И со тоа имаме добар напредок, но она што е важно е дека во сите 51 чекор има напредок. Јас сум навистина сигурен дека гледам забрзување во реформите, меѓутоа во секој…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti