klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ПСЖ – Барса ќе се игра без промени на договорениот термин!

ПСЖ – Барса ќе се игра без промени на договорениот термин!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·20. 10. 2026. 04:04:47

Официјално е потврдено - натпреварот ПСЖ - Барса ќе се игра во најавениот термин. Синдикатот на полицијата побара одложување на натпреварот, но власта го одби барањето. Вечерва е воведен полициски час во неколку реони во Париз до утре до 6:00 часот наутро. Немирите се намалени, а двојно поголема бројка на полицајци вечерва е распоредена низ улиците на Париз. Според информациите на „Ројтерс“ и „Кадена СЕР“, француските полициски синдикати изразиле загриженост од можни нови насилни немири во Париз и побарале дуелот да не се игра во предвидениот термин. Сепак, од многу причини нивното барање е одбиено и натпреварот ќе се игра како што првично беше најаеен. Дуелот привлекува огромно внимание и поради спортското ривалство меѓу двата клуба, но овојпат во фокусот се најде и безбедноста во француската престолнина.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti