Флик: Подготвени сме за ПСЖ

Барселона ја очекува голем предизвик во Лигата на шампионите, гостувањето кај Пари Сен Жермен во третото коло од главната фаза. Каталонскиот тим пристигнува во Париз во одлична форма, со 11 победи на исто толку натпревари. „ПСЖ израсна како тим во последните години. Она што го постигна е импресивно. На последниот натпревар успеа да направи пресврт за само неколку минути, што покажува колкав квалитет поседува. Имаат фантастични фудбалери и на клупата“, изјави Флик. Тренерот на Барселона нагласи дека неговиот тим со самодоверба го очекува дуелот и дека минатогодишниот пораз од парижаните не влијае врз подготовките за новата пресметка. „Оваа сезона од самиот почеток играме онака како што сакаме. Имаме самодоверба и ја контролираме топката. Подготвени сме и ова е одлична можност да покажеме колку сме добри“, истакна германскиот стручњак. „Средниот ред ќе биде многу важен бидејќи двата тима имаат одлични фудбалери во таа зона. Мораме да избегнуваме грешки, затоа што ПСЖ е исклучително прецизен тим и ќе ни биде потребна максимална концентрација“, објасни Флик.


