Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година

Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година. Набавката е успешна и очекуваме со автобусите да влијаеме врз намалување на аерозагадувањето во Скопје и другите општини. Имаше обиди за манипулација за оваа јавна набавка, но споредбите се различни и несоодејствуваат со истиот тип автобуси, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во “Само Интервју” на ТВ Канал 5 -Набавката е за 150 автобуси. Нормално, интересот е најголем за Скопје, но не сакам да ги заборавиме и другите општини. Ќе добијат и други општини автобуси, оние кои што имаат организиран јавен градски превоз. Сега, да не ми замерат, ама ќе набројам неколку: Куманово ќе добие, Штип ќе добие, Сумица ќе добие, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово. Ќе биде објавена листата. Градот Скопје побара 250 автобуси, општините побараа 89, така што ако видите пропорционално, општините надвор од Скопје се и во подобра позиција од градот Скопје, но толку беа можностите на буџетот во моментов. Согласно динамиката, првите автобуси треба да бидат испорачани за 6 месеци од потпишување на договорот, договорот се потпиша во почеток на септември месец, но имаме ветување од добитникот на јавната набавка дека веќе во јануари ќе ги видиме првите автобуси во…
Povezane vijesti

Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
