klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 20:09:03

Употребата на Градскиот воз и од следната година електричните еколошки автобуси, сериозно ќе влијаат врз намалување на загадувањето во Скопје, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алексдандар Николоски во гостувањето во емисијата “Само Интервју” Според него од 300 до 500 патници дневно користат градски воз на линијата Зелениково-Нова железничка. -Ветивме дека првата линија на градски воз ќе почне на 1 септември и првата линија на градски воз почна на 1 септември и ми е драго што и овој рок се испочитува. Дневната фреквенција е некаде 300 до 500 патници. Тоа се 300 до 500 помалку возила во центарот на градот. Тоа се 300 до 500 повеќе слободни паркинг места во центарот на градот и 300 до 500 возила што помалку загадуваат во центарот на градот, вели Николоски. Планот, според Николоски е намалување на бројот на возила преку интегрирање на јавниот превоз -Густината на сообраќај е отприлика 30% влегува од западниот правец Тетово-Гостивар, 30% влегува од источниот правец тоа е Велес. Некаде околу 20% влегува од северниот правец тоа е Куманово, и уште 20% влегува од северозападниот правец, тоа е Приштина. И сега, бараме начин како да ги намалиме бројот на возила. Јас не велам дека на нула…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti