klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Прва детска градинка во Долно Лисиче – важен чекор за подобра иднина

Прва детска градинка во Долно Лисиче – важен чекор за подобра иднина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 18:49:34

Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата. Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог. Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti