Во општина Аеродром се обновуваат детските и спортските игралишта

Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да ги обновува детските и спортските игралишта низ сите населби, со што се добиваат безбедни, уредени и современи простори за игра, рекреација и дружење. Паралелно со санацијата на игралиштата, се реализира и обнова на урбаната опрема, со што јавните површини стануваат пофункционални, поуредени и попријатни за користењеод страна на сите генерации. Со секој реализиран проект, Општина Аеродром создава подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните, инвестирајќи во јавна инфраструктура што придонесува за поквалитетно и побезбедно урбано живеење. Целта е Аеродром да биде општина во која децата безгрижно играат, младите активно спортуваат, а семејствата уживаат во чиста, уредена и современа животна средина. Општина Аеродром останува посветена на континуирано унапредување на јавниот простор и ќе продолжи со реализација на вакви проекти во секоја населба, затоа што грижата за јавниот простор претставува инвестиција во квалитетот на животот на сите граѓани.


