Пророкот што треба да се врати пред крајот на светот – дали свети Илија бил вознесен или земен „како на небо“

Свети пророк Илија е еден од најпочитуваните старозаветни пророци и светители, почитуван во христијанството, јудаизмот и исламот. Живеел во IX век пр. н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. Познат е како ревносен чувар на вистинската вера. Неговиот ден се празнува на 2 август и е еден од најголемите празници во македонскиот народ - Илинден. Се слави како духовен и национален симбол. За неговото величие говори и тоа што тој се појавил заедно со светиот пророк Мојсеј и застанал до Исус Христос при Неговото Преображение на Таворската Гора. Според Светото писмо и преданието, пророкот Илија не умрел, туку бил „понесен/издигнат/земен/вознесен“ на небото во огнена кочија, што во православната традиција се смета за предобраз на Христовото vознесение. Пред Второто Христово доаѓање тој ќе се врати за да проповеда покајание. Вознесен на nебесата или земен „како на небо“? Дали светиот пророк Илија бил вознесен на небесата или, пак, само бил земен „како на небо“? Ова прашање со векови е предмет на богословски толкувања, а според православното предание, одговорот има суштинско значење за разбирањето на единственото Христово вознесение. Постои погрешно мислење, не само кај еретиците туку и кај христијаните, дека светиот пророк Илија или се упокоил како секој друг пророк или дека…
Povezane vijesti

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

Ukrajina ostala bez ključnih raketa za Patriot
