klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Промоција на Кодексот за етичко однесување на пратениците

Промоција на Кодексот за етичко однесување на пратениците
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 07. 2026. 06:21:56

Во Собранието денеска ќе се одржи промоција на Кодексот за етичко однесување на пратениците. Собранието на 15 јуни годинава го донесе Кодексот за етичко однесување на пратениците. Претседателот на Собранието, Африм Гаши тогаш истакна дека со Кодексот за етичко однесување на пратениците се определуваат основните принципи и стандарди на етичко однесување и постапување на пратениците во Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, на промоцијата воведни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, амбасадорот Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ Северна Македонија, Ајла Ван Хеел Мердановиќ, Оддел за демократско управување и родова еднаквост, ОДИХР и Миле Лефков, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Во рамки на настанот, ќе следува и дискусија на тема „Од усвојување до примена - Следни чекори“. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti