Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден од општата расправата во матичната собраниска Комисија, по што ќе продолжи со амандманска расправа. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум амандмани. Комисиската расправа за предложениот ребаланс на Буџетот спроед собранискиот деловник предвидено е да трае десет работни денови, по што оди на пленарна собраниска седница. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на првиот ден од расправата, рече дека ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот, туку е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски услови, да се обезбедат дополнителни средства за законските обврски што значат редовна исплата на платите во секторите во кои е обезбеден раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната заштита и за општините, како и дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус. Димитриеска-Кочоска посочи дека определбата за фискална дисциплина е отсликана во овие предложени измени и оти…


