klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 08. 2026. 18:38:23

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Како што се додава во соопштението, по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. - Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани - пишува во соопштението.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti