Париз вложува 200 милиони евра во безбедност на велосипедистите

Градот Париз има намера до 2032 година да вложи 200 милиони евра во проширување на велосипедската инфраструктура и подобрување на безбедноста на опасните крстосници, соопшти заменик-градоначалникот на француската престолнина, Емануел Грегоар. -Со години наназад, Париз ги преуредува своите улици за да обезбеди повеќе простор за пешаците и велосипедистите. Градот долго време се промовира како „велосипедска престолнина“ и веќе располага со 454 километри велосипедски патеки. Употребата на велосипеди во француската престолнина е зголемена за 47 отсто од 2020 година. Според податоците на градските власти, еден од 10 жители сега патува со велосипед, за разлика од само 4,8 отсто во 2017 година. Целта на новиот план за велосипедизам е да се создадат безбедни и поврзани рути низ целиот град, наведе Грегоар. Според новиот план, Париз има намера да изгради дополнителни 140 километри велосипедски патеки и да преуреди 220 километри еднонасочни улици, овозможувајќи им на велосипедистите да се движат во двете насоки. Освен тоа, 420 крстосници ќе бидат преуредени со цел да се зголеми безбедноста на велосипедистите. Градот исто така планира да распореди повеќе полициски службеници, кои ќе го надгледуваат сообраќајот и ќе се грижат за спроведување на прописите наменети за заштита на велосипедистите и пешаците. Статистиката за Париз покажува дека автомобил бил…

