„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади

Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ кој ќе им овозможи на децата преку приказни, разговор, движење и творење да се запознаат со светот на уметноста и да го истражуваат сопствениот креативен израз. Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Василиј Кандински и Винсент ван Гог се четворицата уметници вклучени во овој циклус работилници кои ќе ги инспирираат младите посетители со своите различни светови и идеи, но и специфичните начини на изразување. Секоја од овие креативни средби ќе вклучува кратко запознавање со приказната на уметникот и неговите техники на творење, создавање свое уметничко дело, а потоа и оживување на приказните преку актерска игра и пантомима. Проектот е наменет за деца на возраст од 6 години па нагоре и предвидува реализација на четири тематски работилници, во кои литературата, ликовната уметност и пантомимата се поврзуваат во единствена едукативна програма. Неговата цел е да ја поттикне детската љубопитност, да го развива креативното размислување и да отвори простор за прашања, слободно изразување, соработка и запознавање со светската уметност. Циклусот ќе биде заокружен со јавен настан во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, на кој ќе бидат претставени…
Povezane vijesti

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организираше инклузивна работилница по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап

Mala čitaonica u glazbenom ruhu – mališani u Loparu stvarali vlastite melodije
