klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија

Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 19:40:31

Македонија не е блокирана на европскиот пат поради актуелната власт, туку поради одлуките на претходната влада, која го испрати тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи во Софија да потпише протоколи чија содржина, според пратеникот Љупчо Пренџов, била сокриена од македонската јавност. Во гостувањето во „НАТКАСТ“ кај Љупчо Цветановски, Пренџов остро ги критикуваше поранешните владини функционери, обвинувајќи ги дека со своите одлуки создале долгорочни пречки за македонските евроинтеграции. -Нè блокираше нас една влада која испрати министер за надворешни работи, Бујар Османи, во Софија, во едно дождливо претпладне, да потпише протоколи кои ги држеше како државна тајна, истакна Пренџов. Според него, јавноста немала можност навремено да се запознае со содржината на документите што биле потпишани со Бугарија, а последиците од тие одлуки Македонија ги чувствува и денес. -Ниту еден медиум, ниту еден даночен обврзник не можеше да види што пишува во тие протоколи. Кога заврши сè и ги видовме протоколите, видовме дека ние сме блокирана држава од страна на Бујар Османи, Зоран Заев, Никола Димитров и Бојан Маричиќ. Тоа е вистината, рече Пренџов. Тој нагласи дека тогашната опозиција навремено предупредувала за последиците од ваквите договори, но дека владата, користејќи го својот политички мандат, донела одлуки за кои смета дека се спротивни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti