Пожарот кај Кавадарци уште е активен, гаснењето продолжува

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а негово целосно ставање под контрола во текот на вечерта не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта, во обид да го спречат понатамошното ширење на огнената стихија. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен и заедно со Ангелов одблиску ги координираат активностите за справување со пожарот. Али апелира до сите граѓани да покажат максимална внимателност и да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар, бидејќи високите температури и ветерот придонесуваат за негово брзо ширење. Во акцијата за гаснење останува вклучен и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е на терен заедно со пожарникарите. -Во гаснењето учествуваат четири пинцгауери, два унимога, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18:00 часот во акцијата ќе се вклучат и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата, објави на Фејсбук градоначалникот Јанчев.
Povezane vijesti

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките
KAKVA BRUKA! CRNA GORA PRIHVATILA PONIŽENJE IZ ZAGREBA: Podgorica "podvila rep", menja naziv BAZENA u Kotoru!
