Повредено четиригодишно дете, 25 – годишен управувал без возачка и направил сообраќајка

Возач (25) од тетовско Требош е уапсен откако без возачка дозвола управувал автомобил и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото. Несреќа се случила синоќа околу 22 часот, а учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица. Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, поради што веднаш е уапсен. Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатничките во „мерцедесот“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово. Со телесни повреди се здобиле и В.И.(46), како и четиригодишно дете. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот против С.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Povezane vijesti

Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ

Drama kod Prokuplja: Došlo do prevrtanja traktora, hitne službe ne mogu da priđu vozaču
