klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бунтовници нападнаа воен конвој во северно Мали, армијата најави контраофанзива

Бунтовници нападнаа воен конвој во северно Мали, армијата најави контраофанзива
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·18. 07. 2026. 19:55:10

Џихадистички бунтовници и туарешки сепаратисти денеска од заседа нападнаа конвој на армијата на Мали во северниот дел на земјата, при што, според нивните тврдења, убиле и заробиле голем број војници, соопштија двете вооружени групи во одделни соопштенија. Армијата на Мали го потврди нападот, наведувајќи дека вооружени групи нападнале конвој составен од малиски војници и од нивни партнери во оддалечен дел од областа околу северниот град Гао. Војската не објави повеќе детали, но соопшти дека е во тек контраофанзива. И огранокот на „Ал Каеда“ во Мали, познат како „Група за поддршка на исламот и муслиманите“ , и туарешката бунтовничка група „Фронт за ослободување на Азавад“ (ФЛА) презедоа одговорност за нападот. Во своите соопштенија тие наведуваат дека малиската армија претрпела „големи човечки загуби“ и „сериозна материјална штета“. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti