klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·19. 10. 2026. 09:06:20

„Секој од нас има клуч што веќе не може да отвори ниту една врата“, вели Никола Маџиров. Неговите предци биле бегалци од Балканските војни, а домот, отсуството, преселбата и сеќавањето се меѓу постојаните координати на неговата поезија. Роден е на 27 мај 1973 година во Струмица. Првите две книги му излегоа во 1999 година: „Заклучени во градот“ ја доби наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга, а „Некаде никаде“ наградата „Ацо Караманов“. Со незаменливата „Преместен камен“ (2007-ма-) ги собра европската награда за млади поети „Хуберт Бурда“ и домашната „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Неговите други меѓународни признанија се и наградата „ Сребрен лист Ксу Џимо“ за европска поезија на Кингс Колеџот при Универзитетот во Кембриџ во 2016-та и наградата „Орфеј“ за целокупно претставување на Меѓународниот поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив во 2019 година. Поезијата му е преведена на над четириесет јазици, а врз неговите стихови музика компонирале светски имиња како Оливер Лејк, Мајкл Лиг (од Snarky Puppy) и Бека Стивенс. Во 2023 година Маџиров беше еден од тројцата членови на жирито на врвната канадска поетска награда „Грифин“, заедно со Грегори Скофилд и Наташа Тредвеј. Жирито таа година разгледало 602 книги, меѓу кои 54 преводи од 20 јазици. Во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti