klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ: 39 лица ќе одговараат за измамничка шема со брзи кредити

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ: 39 лица ќе одговараат за измамничка шема со брзи кредити
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·16. 07. 2026. 13:24:07

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетите со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи притоа ист траен однос воспоставен помеѓу нив заради извршување на делото, исти прилики за користење на електронска апликација и други слични околности како што е невработеноста на лицата кои дале особен придонес за сторување на делото. Во информатичкиот систем на повеќе оштетените финансиски друштва внесувале невистинити податоци – за кои секој од нив знаеле дека не се вистинити и дека се постигнати со дејствија од други кривични делa, со што предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците од Агенцијата за вработување на РСМ. Во ова им помагал еден од нив, кој бил службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ и кој им…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti