Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада се обидувала да влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската Влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран. Венс оваа позиција ја изнесе во вчера емитуваната епизода од подкастот на популарниот американски водител Џо Роган. Американскиот потпретседател, кого многумина го сметаат за потенцијален иден претседателски кандидат, и претходно упатуваше критики кон политиката на израелската Владa. Венс го поддржа претходно објавениот договор меѓу Вашингтон и Техеран за прекин на војната. Сепак, дел од критичарите во САД и во Израел го отфрлија меморандумот за разбирање, со образложение дека тој не ја ограничува иранската ракетна програма, не предвидува јасен пат кон затворање на нуклеарните постројки во Исламската Република и го ограничува Израел во војната против борците на Хезболах во јужен Либан. – Знам дека несомнено има луѓе од израелската Владата кои се обидуваат, така да се каже, да нè одвлечат од оваа политика, бидејќи сакаат да продолжат со воената кампања - изјави Венс. Тој додаде дека иако има „добри односи“ со некои членови на израелската Влада, „во нивниот систем има некои луѓе за кои знаеме без никакво сомневање дека манипулираат и се обидуваат да го променат американското јавно мислење…


