klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Почнува 81.сезона во НБА лигата

Почнува 81.сезона во НБА лигата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·19. 10. 2026. 20:12:25

Новата сезона на американската професионална кошаркарска лига (НБА) стартува утре со три натпревари, а шампионот Њујорк ќе ја почне одбраната на титулата со дуел против Филаделфија. Легендарниот Леброн Џејмс замина во Филаделфија, грчкиот центар Јанис Антетокумпо се пресели во Мајами, додека Кавај Ленард се врати во Торонто. Уште десетина играчи кои беа избрани на ланскиот Ол-стар натпревар ги сменија клупските бои во текот на летото. Новата НБА сезона, 81. по ред, започнува во вторник во 21 часот по средноевропско време, кога Детроит игра против Бостон. Во ноќта меѓу вторник и среда, се закажани пресметките меѓу Њујорк и Филаделфија и Сан Антонио – Оклахома. Минатата сезона, Њујорк стана осмиот различен шампион во НБА во последните осум години, серија без преседан во историјата на лигата. Оваа сезона Њујорк не е меѓу главните фаворити за титулата, улога што ја делат Сан Антонио, предводен од Виктор Вембањама и Оклахома, предводена од Шеј Гилџес-Александер.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti