Почна Летниот камп по историја „Наде Проева“ – „Вљубете се во историјата“

Во Претор денеска официјално почна Летниот камп по историја „Наде Проева“ – „Вљубете се во историјата“, во организација на „Македоника – Центар за историски студии „Наде Проева““. Кампот е наменет за средношколци од трета година со цел да ја поттикне љубовта кон историјата, критичкото размислување и интересот за историското истражување. Главните цели на кампот се поттикнување на интересот кај младите за изучување на историјата, развивање на критичкото размислување и аналитички пристап кон историските извори, продлабочување на знаењата од националната, балканската и светската историја, промовирање на историското и културното наследство на Македонија, развивање на дебатни, истражувачки и презентациски вештини, создавање мрежа на млади љубители на историјата од различни средини, афирмирање на историјата како современа и динамична научна дисциплина... Првиот ден, како што информираат организаторите, бил посветен на запознавање на учесниците и споделување на нивните лични приказни за тоа како се родила љубовта кон историјата, а бил претставен и ликот и делото на проф. д-р Наде Проева – една од најзначајните македонски историчарки и научници, чиј научен опус и посветеност претставуваат инспирација за младите генерации историчари. Бил презентиран и документарниот филм „Instead of Hagiography“, посветен на проф. д-р Наде Проева, создаден од нејзината сестра, Павлина Проевска. - Во текот на наредните денови…
Povezane vijesti

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“

Од Скопје, ЗНАМ го започна караванот „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“
