Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија

Голем мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Македонија. Надлежните го претставија третиот голем проект од програмата за прослава, кој ќе се изведува во 15 градови низ државата. Режијата е доверена на Дејан Пројковски, а главната улога ќе ја толкува Игор Џамбазов. Покрај мјузиклот, за кој други детали не беа објавени, 35 години независност ќе бидат прославени и со настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ и со музичкиот спектакл на плоштадот Македонија во Скопје, на кој главна ѕвезда ќе биде шпанскиот тенор Хозе Карерас. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија Категорија: Македонија Новинар: Габриела Лескова
Povezane vijesti

Повеќе од 120 македонски уметници ќе учествуваат во одбележувањето на 35 години независност на државата

Над 100 македонски артисти ќе земат учество во мјузикл што се подготвува по повод 35-годишнината од независноста
