Почина позната инфлуенсерка на само 30 години: Зад себе остави шестгодишна ќерка

Модната инфлуенсерката Адријана Гарсија почина на 30-годишна возраст по компликации што настанале за време на естетска интервенција. Креаторката на содржини од Кулијакан, Мексико, според локалните медиуми, во вторникот наутро била подложена на естетски зафат, кога дошло до сериозни компликации. Зад себе ја остави својата шестгодишна ќерка. View this post on Instagram A post shared by Adriana Garcia C. (@_adrianaggc) Адријана стекна голем број следбеници на TikTok и Instagram, а соработуваше и со продавницата Drop Shop, специјализирана за лимитирани серии патики, капи и луксузни часовници. Од компанијата нејзината смрт ја потврдија со емотивна порака: „Денес се простуваме од член на семејството на Drop Shop, со љубов се сеќаваме на нејзината добрина, посветеност и на сите моменти што ги споделивме со неа. Нејзиниот спомен засекогаш ќе остане со нас. View this post on Instagram A post shared by Adriana Garcia C. (@_adrianaggc) Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, нејзината ќерка и пријателите и им посакуваме сила и мир во овие тешки моменти. Почивај во мир, Адријана, засекогаш ќе бидеш дел од семејството на Drop Shop.“ Точната причина за смртта засега не е официјално потврдена. Случајот сè уште е предмет на истрага на локалните здравствени и правосудни институции. По веста за нејзината смрт…
Povezane vijesti

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА - „Ако нападите продолжат - Израел е следна цел!“

Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство
