Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба во согласност со документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата - соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека во согласност со добиените резултати од Институтот за јавно здравје во Скопје во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, па поради тоа се препорачува да не се користи за пиење. Вчера, пак, градоначалникот Камчев, презентира нови резултати од вондредна анализа спроведена од овој Институт, во која е наведено дека измерената концентрација на арсен е 1,47 микрограм на литар, односно влегува во дозволените граници. - Валандово како град, и населените места Чалакли, Дедели и Раброво, беа засегнати од квалитетот и безбедноста на водата за пиење во изминатиот период. Бевме сведоци на ситуација во која многумина наседнаа на одредени приказни водени паралелно со ситуацијата во Гостивар. Можам слободно да кажам и поради тоа што бев директор на јавното комунално претпријатие пред 15 и повеќе години, дека квалитетот на водата во…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА - „Ако нападите продолжат - Израел е следна цел!“
