По рекордниот раст на нелегалниот пазар: Австралија ги преиспитува акцизите за тутун

Австралискиот Сенат заклучи дека земјата има потреба од итна промена во својот пристап кон регулирањето на тутунските и никотинските производи откако нелегалниот пазар достигна невидени размери. Во извештајот на Парламентарниот комитет за правни и уставни прашања за кризата со нелегалниот тутун во Австралија, клучните препораки вклучуваат суспензија на понатамошните зголемувања на акцизите за тутунските производи, намалување на постојните акцизи и воведување посебна регулаторна рамка за алтернативи без чад, по моделот на Нов Зеланд. Препораките доаѓаат во период кога австралиските власти отворено ја признаваат големината на проблемот. Според податоците од Австралискиот завод за статистика, уделот на потрошувачката на никотински производи од нелегални извори, од 12 отсто во 2017 година пораснал на дури 80 отсто во 2025 година. Во исто време, вкупната потрошувачка на никотин се зголемила за речиси 40 отсто и покрај повеќегодишните зголемувања на даноците и рестриктивните мерки. Извештајот на Сенатот оценува дека само забраните не се доволна мерка за да се потисне црниот пазар. Затоа, се препорачува комбинација од фискални, регулаторни и безбедносни мерки. Покрај намалувањето на акцизниот товар, се предлага да се воспостави диференцирана регулатиа за производите без чад, вклучувајќи ги електронските цигари и други алтернативи, како и зајакнување на граничните контроли, сузбивање на онлајн каналите што дистрибуираат…
Povezane vijesti

Kako sprečiti prodaju duvanskih i nikotinskih proizvoda maloletnicima? Od zabrane do kontrole koja funkcioniše

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
