klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 11:25:49

Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во чии рамки се уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. Во истиот период, нагласи Миланов, преку Одделението за заштита на потрошувачите, од страна на физички и правни лица се поднесени над илјада илицијативи за спроведување инспекциски надзор, најммогу од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните. На настанот по повод Светскиот ден на храната, директорот напомена дека безбедната храна е основа за здравјето на граѓаните, довербата на потрошувачите и одржливиот развој на прехранбениот сектор. - Денес ја истакнуваме важноста на заедничката одговорност на институциите, производителите, операторите со храна и потрошувачите во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна. Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. АХВ во рамки на своите законски надлежности, континуирано спроведува контроли во домашниот промет и при увозот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti