Планираме директна поддршка од околу осум денари по килограм предадена оризова арпа, вели Мицкоски

Владата планира директна поддршка од околу осум денари по килограм предадена оризова арпа за периодот од 1 септември 2025 до 15 септември 2026 година - соопшти денеска од општина Чешиново-Облешево, премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека дел од средствата веќе се обезбедени во интервентниот фонд на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а дел ќе бидат дообезбедени со ребалансот на буџетот. - Тоа се отприлика стотина милиони денари што ги обезбедува Владата, коишто ќе бидат исплатени до крајот на оваа година, по завршувањето и усвојувањето на ребалансот во Собранието. Но, ја користам и оваа порака, мислам и оваа посета овде во Чешиново- Облешево, да упатиме јасна порака и до откупувачите дека треба да се однесуваат фер, како што и Владата се однесува и како што граѓаните и оризопроизводителите се однесуваат фер кон нив, затоа што ова е двонасочна улица, не би сакале да веруваме во шпекулативно однесување на поединци, затоа што тоа ќе биде ригорозно казнето - рече Мицкоски. Инаку, во тек е жетвата на оризот во неколку општини во Источниот Регион и оваа година оризопроизводителите имаа вода за да ги наполнат нивите под ориз со вода.
Povezane vijesti

Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните

Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните
