Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните

-За мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево. Му честитам на градоначалникот за посветената работа. И, се разбира, заеднички, со поддршка од Владата, во периодот којшто следи, ќе реализираме уште многу проекти коишто се приоритет на граѓаните на оваа општина. Прекрасна општина, прекрасни луѓе. Сега, додека шетавме по оваа новоасфалтирана улица, разговаравме и за приоритетите во периодот којшто следи. Самиот тој во својата изјава кажа дека подготвува дел од проектите. Јас би го охрабрил, еве вака јавно, што побрзо да ги спремат проектите, затоа што следната година како Влада планираме нов повик со којшто од централниот буџет ќе финансираме проекти кон локалната самоуправа, кон општините, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општината. -Нешто што ќе биде континуитет на она коешто го започнавме од првиот момент кога бевме избрани како Влада. Така што и тоа ќе биде една додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните во оваа прекрасна општина. И исто така, конечно да се реши, би рекол, она прашање коешто останува нерешено, а тоа е водоснабдувањето во голем дел од населените места. Ние очекуваме, а веќе е извесно во…


