Петрушевски: Најголемата победа над талогот кој се храни со хистерија и безнадежност е успешна Македонија

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ објави статус на својата фејсбук стрница образложувајќи го општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознале. Интегрално објавата го прилог: [facebook_post url="https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1698557058936394&id=100063463489616&mibextid=wwXIfr&rdid=ZqLGJoMa8vynWkaZ#"] Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност. Се обидува да нè убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека Македонија мора постојано да остане заробена во разочарувања и понижувања. Но, најголемиот пораз на секоја политика на страв е народ кој верува во себе. Македонија не се гради со лаги, цинизам и неверување. Македонија се гради со работа, знаење, одговорност и резултати. Нашата обврска како одговорни носители на власта е да создаваме држава во која успехот ќе биде вреднуван, способноста ќе биде наградена, а надежта ќе биде посилна од секој обид да се наметне безнадежност. Најголемата победа над талогот не е во кажаните зборови. Најголемата победа е успешна Македонија.


