Петкоска: Да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата

Пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ објави статус на социјалните мрежи на кој потенцира дека проблемот не е во зборот, туку во огледалото и додаде „да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата“. По продолжение е интегрален текст од објавата: [facebook_post url="https://www.facebook.com/petkoskalidija/posts/pfbid0289Pg5yWKwSuPmBYUxAe6LN5sk8PiBUgKA7X6cCENYc4aFL5HB2QFatMGaGrnVvnXl"] „Проблемот не е во зборот, туку во огледалото! Една изјава беше доволна за целата опозиција да скокне како попарена. Но, зошто? Ако тврдат дека тие не се талогот на општеството, зошто толкава паника и драматизација? Навистина е фасцинантно колку брзо се препознаа. Никој не ги прозва по име, а сите се построија во ред за демант. Богами...ваква самодоверба ретко се гледа. Истите политички пиромани кои седум години ја палеа државата со неспособност, денес глумат пожарникари! Истите мајстори за празни ветувања, кои не изградија ниту еден километар нов автопат, денес држат лекции за инфраструктура! Делницата Кичево - Охрид со години беше симбол на застој и повеќе личеше на ботаничка градина, отколку на градилиште! Додека тие се богатеа, народот осиромашуваше. Додека тие се фалеа со монтирани и скапо платени видеа, Македонија тонеше на дното по економски раст. Инфлацијата дивееше, платите и пензиите каскаа зад…


