klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пет самоубиства за еден месец во американската Кибер-команда

Пет самоубиства за еден месец во американската Кибер-команда
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 08. 2026. 11:59:53

Американската кибер-команда покрена истрага по серијата од пет смртни случаи на нејзини припадници и лица кои тесно соработувале со таа воена единица. Петте смртни случаи регистрирани во периодот од почетокот на јуни до поечтокот на јули предизвикаа загриженост во воениот врв и во Конгресот, а раководството на Кибер-командата ситуацијата ја третира како таканаречен „кластер на самоубиства“, што подразбира примена на посебни процедури за утврдување на околностите и преземање превентивни мерки. Според извештајот, командантот на единицата уште во јуни ги известил вработените за три смртни случаи, а потоа биле регистрирани уште два. Кибер-командата спаѓа меѓу најчувствителните структури на американскиот воен и разузнавачки систем. Нејзините припадници се задолжени за заштита на американските воени и други критични мрежи, но и за спроведување кибер-операции во странство. Генералот Џошуа Руд е командант на Кибер-командата и истовремено директор на Агенцијата за национална безбедност, што го покажува значењето што Вашингтон му го придава на тој сегмент од националната безбедност. Иако поединечните околности на смртните случаи се уште се испитуваат, последната криза повторно го отвори прашањето за условите во кои работат американските воени кибер-експерти. Поранешни вработени укажуваат на хроничен недостиг на кадар, исклучително интензивно темпо на операции и долготрајни дежурства во строго обезбедени работни простории. Притисокот врз американските…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti