Пет нови случаи со западнонилска треска потврдени месецов

Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен - се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните случаи, а во согласност со дефиницијата на случај, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен. Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија. Од регистрираните случаи седум се машки, а едно е женско лице. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број односно шест лица се на возраст над 60 години, а две се лица на возраст од 50 до 59 години. Сите пациенти развиле потешки симптоми на централниот нервен систем и биле хоспитализирани. Од заболените, тројца се пуштени на домашно лекување, Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна инфекција и сите биле хоспитализирани. Западно-нилската треска првпат во Македонија е регистрирана…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Stevo Karapandža u bolonjez stavlja meso koje nikom ne bi palo na pamet, obara s nogu
