klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·28. 06. 2026. 17:52:02

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот помеѓу селата Тркање и Бање во Чешиново-Облешево, каде гори ниска вегетација, како и пожар во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип. Под контрола е ставен пожарот кај селото Дворци во Пласница, каде гореше депонија. Во текот на денот се изгаснати пожари во Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар. МИА

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti