klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·28. 06. 2026. 12:44:09

До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија на Пехчево. Пожарот ставен под контрола е на депонија во село Дворци, општина Пласница. Ниска вегетација горела на територија на општините Валандово, Врапчиште, Гази Баба и Старо Нагоричане. Четирите пожари на овие подрачја биле изгаснати. МИА

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti