klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пензионерски поделби без крај

Пензионерски поделби без крај
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·07. 07. 2026. 17:32:50

Во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија негативните појави продолжуваат. Наместо да се насочи кон решавање на укажаните проблеми претседателката Станка Трајкова создава нови поделби меѓу зруженијата и пензионерите, продолжува со нерационално трошење на пензионерски пари од членарината и воведува уште поголема противзаконска цензура во весникот „Пензионер плус“. Очигледен пример за тоа е забраната да се објави не само моето реагирање за изнесените дезинформации во предходниот број, туку и соопштението од Здружението на пензионери од Тетово и демантот од Здужението на пензионери Кисела Вода. Тоа е спротитвно на уставните и законските прописи во информативната дејност и е знак на недозволената приватизација на весникот за свои лични интереси и цели. Предходен пример за тоа беше и објавениот текст од заедничката седница на Статутарната комисија и на Правно-Економскиот форум „Реакција во интетрес на вистината“. Жално е што се потрошени пензионерски пари за одржување на заедничка седница на две нелигитимни, ненадлежни тела за информативна проблематика, кои без соодветна правна и статутарна заснованост, јавно реагираа на колумна што не е објавена во пензионерскиот весник, туку на портал „Курир“ и на Фејзбук. Со тоа почитуваните читатели на весникот еднострано беа информирани за ставовите од спомнатата седница без да знаат на што и како сум…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti