Селективната правда е полоша од неправда – европскиот парадокс со Македонија

Гласањето по извештајот на репортерот за Македонија Томас Вајц ја отвора дилемата дали Европската Унија се уште се темели на различноста, мултикултурноста и демократијата со кои се гордее и се основа на кои функционира. Двата обида на Вајц за расчистување на ситуацијата со спорниот втор протокол од меѓувладината комисија Македонија-Бугарија и улогата на заедничката историска комисија не дадоа резулат. Првиот, барање до Советот на ЕУ да толкува дали таквата преговарачка рамка може да биде причина за ново вето од Бугарија за идентитетски и историски прашања. И вториот обид за бришење на параграфот 73 со кој и се дава сила токму на комисијата да одлучува дали Македонија ќе оди напред или не. За првото барање од Советот одговор се уште нема, па дури и претседателот Антонио Кошта, ја смени реториката по посетите на Софија и Скопје. При првата ја разбра потребата од гаранции кои ги бара македонската влада, а при втората го забошоти кажаното со потврда дека уставните измени се единственото барање за отворање на преговарачкиот процес. Чудна игра на зборови, освен ако зад кулисите не се одвива активност за надминување на статус кво ситуацијата. Одлуката на европарламентарците, пак не треба да изненадува. Највисокото законодавно тело одамна го изгубило кредибилитетот на…
Povezane vijesti

Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

Брисел опоменува, но власта сè уште им се заканува на судии и на обвинители
