klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Парагвај на пенали ја исфрли големата Германија

Парагвај на пенали ја исфрли големата Германија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·30. 06. 2026. 04:51:33

Германија за првпат загуби на пенали во историјата и Парагвај слави осминафинале. Натпреварот во Бостон во регуларниот тек заврши 1-1, па по пеналите јужноамериканските фудбалери славеа со 4-3. Галарза центрираше во 42. минута, Енцисо натрча и со глава го матира Нојер (0-1). Момците на Нагесман делуваа шокирано, но на почетокот на вториот дел Германија израмни. По центаршутот на Вирц во 54. минута, глава постави Хаверц и го матира Хил. Следеше серија на замени и опсада на голот на Парагвај, но резултатот не се менуваше. По корнерот од десната страна на Кимих, Орландо Хил извиси и Џонатан Тал со глава ја погоди мрежата. Сепак, по прегледувањето на снимката беше утврден прекршок од Антон врз Хил и судијата го поништи германското водство. Следуваше трисетминутно продолжение, во кое Германија јалово напаѓаше, но не креираше зрели шанси. Во 119. минута Антон со глава ја имаше најзрелата можност, но Хил одбрани. Одлука во пенал серијата беше последниот чин, па така драмата кулминираше. Промашувањата на Хаверц и Волтемаде им дадоа две меч-топки на Парагвајците. Сепак, не реализираа ни Санабрија, ни Балбуена. Кобно за „панцерите“ беше промашувањето на Џонатан Тах, па Канале го совлада Нојер за победа од 4-3 на Парагвајците. Кобно за Германците беше промашувањето на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti