klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

H&M затвора 170 продавници низ целиот свет

H&M затвора 170 продавници низ целиот свет
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 12:59:40

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено најави и отворање на околу 90 нови локации. Најголем број затворања е забележан на пазарите во Азија, Океанија и Африка, каде што се затвораат 97 продавници. Натаму, 20 продавници ќе бидат затворени во Западна Европа, 17 во нордиските земји, додека уште четири продавници се затворени во Источна Европа, објави „Мирор“ (Mirror). Покрај затворањето на самите продавници, „Ејч енд ем“ затвори и одредени брендови во рамките на групацијата, при што сите преостанати продавници на „Монки“ (Monki) се трајно затворени во изминатиот период, што е интегрирано во поврзаниот бренд „Викдеј“ (Weekday). „Ејч енд ем“ се соочува со предизвици како што се порастот на интернет-купувањето и појавата на платформи како „Тему“ и „Алиекспрес“, се наведува, а истовремено се обидува да ги намали оперативните трошоци. Шведската компанија вели дека континуирано ја оценува својата мрежа на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti