Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање

Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт попладнево на седница ги прифатија во прво читање предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научноистражувачката дејност, со заклучок да се проследат во натамошно читање. Пакетот-закони го претстави заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, кој појасни дека тие се значаен дел од Стратегијата за 2026–2032. - Сакаме да ги оспособиме студентите да се развијат не само во избраните професии, туку и како одговорни членови на општеството. Високото образование е столб на академското усовршување, поттикнувајќи го критичкото размислување, научното истражување, кои ги зголемуваат границите на знаењето, истакна Сулејмани. Доброто владеење, нагласи тој, обезбедува универзитетот да ги зачува високите академски стандарди за студентите. Етиката, транспарентноста и академскиот интегритет се главен предуслов за квалитет. Функционирањето на системот за високо образование е за доброто на општеството, предавачите и академската заедница. Заменик-министерот појасни дека предложените законски решенија ги надминуваат недостатоците од претходните закони од 2000, 2008 и 2018 година и во нив се вметнати препораките од Болоњскиот процес. - Препораките од Болоњскиот процес не се спроведени на соодветно ниво во законот во 2018 година. Потребни се дополнителни напори за да се даде одговор на овие прашања и предизвици, нешто што…
Povezane vijesti

Собранието го донесе Законот за парнична постапка
Nezadovoljstvo izmjenama Zakona o visokom obrazovanju: Kome produljiti rok studiranja, a kome mogućnost rada
