klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Овој плод прави чуда за здравјето: Влијае на срцето, варењето и мозокот

Овој плод прави чуда за здравјето: Влијае на срцето, варењето и мозокот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 08. 2026. 12:12:08

Јаткастите плодови се познати како здрава ужина, а ф’стаците се издвојуваат поради нивната висока содржина на влакна, здрави масти, протеини, витамини, минерали и антиоксиданси. Нивната редовна консумација може да придонесе за здравјето на срцето и дигестивниот систем, а исто така може да помогне во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта, пишува Health.com. Ф’стаците содржат растворливи и нерастворливи влакна, кои играат важна улога во здравјето на дигестивниот систем. Нерастворливите влакна придонесуваат за редовно варење, додека растворливите влакна ги хранат корисните бактерии во цревата. Ф’стаците се добар извор на калиум, влакна и незаситени масти, поради што можат да бидат корисен дел од исхраната за одржување на здравјето на срцето. Калиумот учествува во регулирањето на крвниот притисок, додека влакната и незаситените масти можат да помогнат во одржувањето на посакуваните вредности на мастите во крвта. Истражувањата покажаа дека редовната консумација на ф’стаци може да има корисен ефект врз крвниот притисок и нивото на холестерол. Преглед на 34 студии покажа дека исхраната што вклучува ф’стаци е поврзана со намалување на вкупниот и ЛДЛ (лошиот) холестерол, како и триглицеридите. Ф’стаците ја должат својата препознатлива зелена и виолетова боја на растителните пигменти и антиоксиданси. Тие се особено богати со лутеин и зеаксантин, каротеноиди кои помагаат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti