klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Основната каматна стапка е непроменета – и натаму постои висока неизвесност

Основната каматна стапка е непроменета – и натаму постои висока неизвесност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·28. 07. 2026. 10:48:33

На 28 јули 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. По зголемување на основната каматна стапка во јуни, на оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат на повисоките цени на енергентите. Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона и на ниво коешто е соодветно на потребите за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот. Годишната стапка на инфлација забавува и во јуни, делумно под влијание на споредбената основа од минатата година. Извршниот одбор оцени дека е потребно повеќе време за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, а особено имајќи ја предвид високата неизвесност во надворешното окружување, повторната ескалација на тензиите на Блискиот Исток и можните преносни ефекти врз девизниот пазар и домашните цени. Имено, повторното заострување на воените дејствија на Блискиот Исток, како и на војната помеѓу Русија и Украина предизвика нови силни нагорни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti