klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Органското производство е барано, сака вложен труд, но се исплатува

Органското производство е барано, сака вложен труд, но се исплатува
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·18. 10. 2026. 13:28:23

Органското производство е барано и носи заработувачка, но, бара и многу вложен труд и посветеност - велат локалните производители кои викендов го посетија Валандово за да учествуваат на второто издание на Фестивалот на калинката. Изборот да станат производители на органска храна го направиле како комбинација на повеќе причини - да се продолжи семејната традиција, да се зачува одредена земјоделска култура за која повеќе нема интерес доколку не се преработува, да се остане во семејниот бизнис и да се пренесе и на идните генерации. Таква е приказната на локалните производители од Ресен, “Трантал фарм - Преспино“ кои се оператори за храна од куќен праг, а за себе велат дека важат за едни од првите органски производители со сертифицирано органско производство. - Имаме свое производство на јаболка, малини, сливи, цреши, лешници и ореви. Заради лошата откупна цена на јаболкото сакавме да направиме краен производ. Благодарение на поддршката на Федерација на фармери, почнавме да правиме сок, без вода и без шеќер, стопосто природен. Така започнавме со „Преспино“, направивме бренд и продолживме со производство на природен јаболков оцет, џем и компот од малини, како и путер од лешник. Следно сакаме да аплицираме за мала дестилерија, за производство на ракија од јаболко, дуња и други…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti