klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово

Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·17. 10. 2026. 13:17:45

Дваесеттина учесници од повеќе градови од државата, денеска ги претставија своите локални производи на второто издание на Фестивалот на калинката во Општина Валандово. На плоштадот во центарот на градот посетителите можеа да вкусат различни производи меѓу кои слатка, мармалади и сокови направени од калинки, како и од друго овошје, маџун, зимници, сушени производи, мед, и други изработки преку кои секој изложувач го презентираше местото од каде што доаѓа. - Калинката е симбол на нашиот град и нашата гордост. Денес сме тука да покажеме дека кога срцата се обединети и малите идеи стануваат големи дела. Овој фестивал го започнавме со една идеја која денес станува наша заедничка приказна за вредните земјоделци и нашите локални производители, порача Лејла Рајкова, претседателка на Здружението за локален рурален развој "Валандер" кое е организатор на фестивалот. Производители од валандовското село Раброво велат дека фамилијарно одгледуваат калинки на нивните ниви, а калинката ја ползуваат за различни производи. - Ние сме производители од куќен праг, регистрирани преку Агенција за здрава исхрана. Произведуваме мармалад од калинка, го правиме прво сокот, потоа во процесот на вриење се создава мармалад. Оваа година направивме и комбинација од боровинка и калинка, како и јагода и калинка, а направивме и мармалад без шеќер погоден…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti