Општина Кисела Вода: Oзначен завршувањето на капиталниот проект за Мала Рада

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес извршија увид во целосно финализираните градежни активности на проектот за реконструкција на коритото на реката Мала Рада. Со реализацијата на овој обемен зафат, спроведен преку Владината програма за финансирање на капитални проекти, жителите на општината добија трајно инфраструктурно решение, зголемена заштита од поплави, како и нов уреден простор за рекреација. Проектот опфати темелна рехабилитација на дното и бетонските профили на коритото, довршување на венецот на потпорните ѕидови, како и уредување на потегот во должина од 2.5 километри пред вливањето во реката Вардар. Дополнително, долж левата страна на реката е изградена нова пешачка патека, збогатена со нова урбана опрема, клупи и модерно осветлување. Премиерот Христијан Мицкоски ја истакна важноста на овој проект за жителите на овој дел од Скопје и Кисела Вода: -Би сакал да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи…
Povezane vijesti

Demografski slom Šibensko-kninske županije: Knin izgubio trećinu stanovnika, Šibenik gotovo 5.500!

Англиската легенда Руни верува дека Тухел заслужува нова шанса
