ТРИ ДЕЦА ЗАДРЖАНИ ВО БОЛНИЦА: Деца и возрасни со коморбидитети најбројни пациенти со симптоми на труење во Гостивар

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес, ја посети Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар и направи увид во состојбата на пациентите на детскиот и инфективниот оддел, при што им посака брзо закрепнување и разговараше со раководството и здравствените работници на болницата, како и со претставници на Центарот за јавно здравје. Во последните 24 часа се примени 260 лица, од кои 100 на детскиот оддел и 160 на инфективниот оддел. Во моментот на посетата имаше 7 пациенти на детскиот оддел и 20 пациенти на инфективниот оддел. Првите случаи во болницата се регистрирани на 13 јули, во доцните ноќни часови, иако се можни претходни индивидуални случаи. Вкупниот број надминува илјада пациенти, а претпоставениот врв е во последните два дена. Сите пациенти имаат стомачни проблеми (дијареја, повраќање), некои со треска (температура) и со дехидратација. Се третираат со инфузии (за дехидратација) и симптоматски, а најголемиот дел се упатуваат на домашно лекување. -Три деца се задржани на набљудување. Пациентите се од сите возрасни групи, најмногу деца и возрасни со коморбидитети. Повеќето се од Гостивар, но и од околните населени места Вруток, Чегране, Чајле, Дебреште и др. Истражувања вршат Институтот за јавно здравје (по барање на Јавното обвинителство), Центарот за јавно здравје и болницата. Се…


