klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лавче“ добија современ систем за загревање

ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лавче“ добија современ систем за загревање
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 11:14:16

Општина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови, што денеска беше официјално пуштен во употреба. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Со поставување топлински пумпи, автоматско управување со греењето и модернизација на котларницата, училиштето доби поефикасно и поеколошко загревање. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Проектот се реализира во рамките на иницијативата „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“, со инвестиција од околу 180.000 долари, обезбедени преку проектот. Со оваа инвестиција, Општина Аеродром продолжува да создава подобри услови за учениците и наставниците, вложувајќи во енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и почистиот воздух. Нашата цел е јасна - современи училишта, еколошко загревање и поздрава иднина за сите генерации.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti