Од бараки стари повеќе од 50 години до европски услови – Пуштено е во употреба основното училиште „Крсте Петков Мисирков“

До пред некоја година овде постоеја само бараки оставени од времето на земјотресот, повеќе од 50 години. Децата учеа во субстандардни услови, за разлика од тоа што денес можеме да го видиме, навистина европски услови - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на новиот објект на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто, во Општина Гази Баба. Според него, новото училиште претставува резултат на заложбите за подобрување на образовната инфраструктура и дел од поширокиот инвестициски циклус што Владата го реализира во соработка со општините. Нагласи дека во моментов низ државата се реализираат повеќе од 1.200 проекти како резултат на политиките за поддршка на локалната самоуправа и децентрализација на средствата. Тој упати благодарност до Општина Гази Баба, Министерството за образование и наука и жителите на Ченто за трпението за време на реализацијата на проектот, оценувајќи дека новото училиште ќе им овозможи на идните генерации значително поквалитетни услови за настава од оние што ги имале нивните родители. Министерката за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека новиот објект е доказ за реализација на ветените проекти во образованието и за континуираните вложувања во подобрување на условите за учениците и наставниците. - Ова што денес го гледаме е доказ дека…
Povezane vijesti

МИЦКОСКИ И ЈАНЕВСКА ГО ОТВОРИЈА НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО ЧЕНТО: Од стари бараки до модерни услови за 700 ученици

Мицкоски утре на отворање на ново основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто
