klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 10. 2026. 11:17:26

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година - соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на охридската пастрмка се повеќе од задоволителни. Во август и септември, како што посочи, сите риболовни зони на езерото биле порибени со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, што е за 1,6 тони повеќе од првично планираните 4,9 тони. Во езерото годинава била внесена и посебна група од сто илјади поголеми единки охридска пастрмка од минатогодишниот мрест, со просечна тежина од 16 грама. Според Серафимовски, тоа е особено значајно за надоместување на пропуштеното во периодот од 2019 до 2023 година кога имало пауза во вештачкиот мрест. За продолжување на активностите за обновување на популацијата, потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт за следниот циклус вештачки мрест и порибување во 2027 година, со нови 1.550.000 млади единки охридска пастрмка. - Напредок има и во обновувањето на летната форма на охридската пастрмка. По 23 години од последниот вештачки мрест на оваа форма, експериментално е добиен подмладок, кој успешно се одгледува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti