klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Одличен прием за Мартинијан Кириловски и „Сирена“ на „Бисер Јадрана“

Одличен прием за Мартинијан Кириловски и „Сирена“ на „Бисер Јадрана“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 16:13:20

Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски успешно ја претстави Македонија на едно од најзначајните регионални музички случувања – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“, кој се одржа на 18 јули во Тиват, Црна Гора. Со сигурен сценски настап и моќна интерпретација, Кириловски остави силен впечаток кај публиката, колегите и музичките професионалци, потврдувајќи дека чекор по чекор го гради своето име и надвор од македонските граници. На фестивалската вечер настапија 25 композиции, а песната „Сирена“, со која Кириловски ја претстави Македонија, го освои високото 9. место. Но, самиот избор на композицијата за учество претставува значаен успех, имајќи предвид дека беше избрана меѓу повеќе од 170 пријавени песни од автори и изведувачи од целиот регион. Најголемото признание, сепак, не дојде од бодовите. Спојот на оригиналната композиција „Сирена“ и моќната интерпретација на Мартинијан Кириловски резултираше со една од највпечатливите изведби на годинашното издание на „Бисер Јадрана“, која беше одлично прифатена од публиката, колегите и музичките професионалци. Инспирирана од старогрчкиот мит за сирените, композицијата ја пренесува вечната борба меѓу искушението и разумот. Низ современ музички израз и впечатлива мелодија, „Сирена“ го доловува магичниот повик на сирените и внатрешната борба да му се одолее на она што најсилно нè привлекува. Токму таа музичка приказна, надополнета со силната интерпретација на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti